Во промоцијата на новата ICON колекција на Dsquared2, инаку еден од најпопуларните луксузни модни брендовиво светот се вели: ИКОНИТЕ ја менуваат играта – Златан Ибрахимовиќ ја менуваше фудбалската игра со својата решителност, сила и издржливост и сега зачекори на нова територија, како официјален соработник од колекцијата на капсули ICON Dsquared2 x Ибрахимовиќ.

Кога ќе се спомене брендот Dsquared2, првото нешто што паѓа на ум се шик, секси, провокативни стилови и исклучително софистициран гламур што може да се види само во нивните колекции. Тие се познати по својата уникатна машка и женска облека, козметика, обувки и мириси.

Спортската и екстравагантна облека станаа заштитен знак по кој се познати ширум светот. Затоа и не зачудува одлуката на Dsquared2 според која последната нивна колекција, за пролет / лето 2021 година, треба да ја презентира вистинска sвезда.

Шведскиот фудбалер и напаѓач на Милан, Златан Ибрахимовиќ, се најде во главната улога на нивната нова кампања. Во центарот на вниманието се црно-белите фотографии на кои Ибрахимовиќ е во пролетни парчиња што ја рефлектираат инспирацијата на индустрискиот стил Dsquared2. /М.М.

You may also like

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

Comments are closed.