Туфахии (полнети јаболка)

Потребни состојки:

– 6 јаболка, излупени, и извадена средина, семките,

– 7-8 каранфилчиња,

-150 гр. мелени ореви,

– голема лажица путер,

-150 мл. млеко.

-600 гр. шеќер.

Подготовка:

Првин се подготвува филот. Ставаме 300 гр. шеќер во тенџере, на средна температура, за да карамелизира. На карамелот му додадаваме  една голема лажица путер и 150 мл. топло млеко. Потоа се додаваат мелените ореви да повријат 5 минути, го тргаме филот од оган и го оставаме да се олади.

Во тава подготвуваме шербет:  400 гр. шеќер, 800 мл. вода и каранфилчињата да зовријат.

Во шербетот се варат излупените и исчистени јаболка  6-7 минути да вријат од едната, па потоа од другата страна уште 6-7 минути. Се вадат со цедалка и ги оставаме да се оладат. Во средината јаболката се  полнат со оладениот фил, а најгоре се декорира со матен шам од белки и шеќер.

НАЗДРАВЈЕ

ММ кујна

Мафини со вишни

Во сезоната на вишните, мафините со ова освежително овошје се безмалу задолжителен десерт. Нашиот рецепт ...

You may also like

Comments are closed.