Единствената асоцијација од областа на фотографијата – Фото сојузот на Македонија,  годинава прославува 75 години постоење на македонската фотографска сцена. Во рамките на своето работење Сојузот како носител на фотографската, визуелната и културната традиција на Македонија и оваа година го објави конкурсот за најстариот и најреномиран фотографски настан во нашата држава:  „Денови на македонска фотографија“.

На конкурсот може да земат учество професионални но и фотографи аматери, преку кој ќе успеат да се претстават на пошироката македонска јавност. Како и до сега, фокусот ќе остане на  заокружената целина на фотографскиот процес или печатената форма (принтот).

Жирирањето на фотографиите кое ќе се одржи на 24ти април ќе биде составено од следните членови:  Др.Проф. Цветан Гавровски – Мајстор на фотографија на Фото сојузот на Македонија, Душан Доцевски – Кандидат мајстор на фотографија на Фото сојуз на Македонија и Мирослав Масин академски ликовен уметник.

Завршната манифестација, секако според соодветните протоколи за заштита и безбедност на сите учесници и посетители е планирана да се одржи во Охрид од 29ти мај до 1ви јуни на која освен проекции на фотографии ќе биде претставена и инстаграм фотографијата.

Рокот за прием на фотографии е 15.04.2021 година.

More in:Вести

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

You may also like

Comments are closed.