Сојузот на спортови на Скопје, под покровителство на Град Скопје, на петти септември го реализира деветтото издание на Авицена Женската трка.

Оваа година прва до целта пристигна Биљана Кираџиева, за 11 минути и 4 секунди, втора беше Душица Јанковиќ, со 12 минути и 6 секунди, а трета Вера Урдаревска, која ја истрча патеката за 12 минути и 14 секунди. Учесничките на Авицена Женската трка трчаа три километри, а стартот и целта беа во Градскиот парк.

По прогласувањето на најдобрите учеснички следуваше лотарија со извлекување на стартни броеви и најсреќните се здобија со подароци од партнерите на Авицена Женска трка 2021.

Во соопштението на организаторите се вели дека трката со години е инспирација за жените од сите возрасти – за започнување со трчање, тренирање и за практикување на здрави навики. Секојдневното брзо живеење не нуди многу слободно време, но учесничките докажаа дека со добра организација и желба,  може да се практикува поздрав начин на живот.

Конечните резултати од годинешната Авицена Женска трка можат да се проследат на https://zenskatrka.mk/rezultati/#1_B5AECE./M.M.

 

More in:Вести

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

You may also like

Comments are closed.