Данче Наумоска е занаетчика која изработува бакар во Copper Art. Изработува охридски мотиви, религиозни мотиви или пак, со традиционални дизајни. Нејзината најнова инспирација е Охридскиот сунѓер – „Ochridaspongia rotunda”, а новата колекција добива и токму такви форми.


– Осознавајќи ги ендемските видови од Охридското езеро, се сретнав со волшебниот сунѓер, кој го добил името “rotunda” не само заради тркалезната форма, туку и затоа што потсетува на морски еж без боцки. Фасцинирана од неговиот изглед, успеав преку накитот да го претставам внатрешниот систем на каналчиња и коморчиња, раскажува Наумоска.
Според Наумоска, Охридскиот тркалезен сунѓер со неговата жолтеникава боја и кадифест изглед, живее на длабочина од 30 до 120 метри и достигнува дијаметар до 13 сантиметри, зацврстен на школки или камчиња. Се размножува преку целата година и опстојува во симбиоза со Охридските ракчиња и како автохтон животински вид целосно се разликува од другите сунѓери.


Овој прастар облик на сунѓер опстојува во шест милиони старото езеро и е меѓу најстарите облици што живеат во него.
– Благодарение на нуркачкиот клуб Амфора, преку фотографии ни го претстави дното на Охридското езеро. За изработка на колекцијата користев ленти, бакарни плочки, епоксидна смола кожни врвки или синџирче, полудраги камења или мурано стакло. Наменета е за уникатни, моќни и самоуверени жени, вели таа.

Почетоците на нејзината професија датираат речиси пред 20 години кога љубовта кон создавањето на бакарни производи и ја пренесол нејзиниот татко, во нивната работилница.
Тогаш најмногу ја привлекувале боите кои ги менувал бакарот при хемиска реакција- оксидација, нијансите кои никогаш не се повторуваат.
Copper Art Dani им овозможува на домашните и странски посетители полесно да дојдат до идеја и реализација при купувањето сувенир, подарок или украс за сопствениот дом. Во Copper Art најзастапен материјал е бакарот, но има и сребрени и позлатени изработки.
Таа е дел од во проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19″ спроведен од Центарот за управување со промени – ЦУП а поддржан од Balkan Trust for Democracy./М.М.

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

You may also like

Comments are closed.