Округот Харајуку во Токио, Јапонија, половина век беше епицентар на уличната мода, место на историја и тренд на уникатна субкултура. Стилот Харајуку, познат ширум светот, е мешавина од сите добро познати јапонски подстилови, во кои се влеваат и традиционалната јапонска облека и „лолити„ и „панкекри„ и клубската облека… Намалувањето на уличните преставувања на Харајуку стилот  се толкува различно

Судирите на бои, ткаенини и естетика со децении кулминира во оваа област, преполна со бутици, ланци на продавници за облека и модни додатоци. Тие придонесуваа за постојано зголемување на просторот на Харајуку. -Така е и сега – модата Харајуку  е вистинска институција, само што, во бесконечната река туристи се помал е бројот  на младите облечени во несекојдневни креации на Харајуку стилот. Десетици илјади фанови и следбеници со години ја посетува областа секој ден за да видат што е во тренд во моментов. Иако и сега ова е една од најбрзите сцени во Токио, а преку социјалните мрежи добива многу поголема (и пошарена) поддршка, се намалува и бројот и видот на претставувањата на Харајуку трендовите.

Харајуку инаку претставува со децении крстосница на стилот и на модата. Кога Олимписките игри дојдоа во Токио, во 1964 година, луѓе доаѓаа во Харајуку за да се сретнат со спортистите кои беа сместени Олимпиското село. Младите луѓе заинтересирани за модата, почнаа тогаш да ги убедуваат креаторите и дизајнерите во областа да направат продавници за дизајнерска облека. Кон крајот на седумдесеттите години од минатиот век, отворен е модниот центар Лафорет и речиси преку ноќ стана кројачки скапоцен камен на Харајуку, а округот се етаблира како моден центар во Јапонија.

Иако Харајуку е безвременска дестинација за сите авангарди – стиловите и трендовите што ги претставуваат постојано се менуваат. Оние кои се на сцената – работат на прилагодување, па дури и на влијание врз она што доаѓа. Така, можеби и сегашното стивнување на креативноста на уличната мода е преодно, а во Харајуку  и понатаму ќе се создава една комплетно бескомпромисна естетика – типична и самоуверена.

Луѓето ширум светот доаѓаат во Токио само за да ја доживеат атмосферата Харајуку. Иако можеби не е како во публикациите, тоа е модерното Харајуку, кое сè уште цвета од енергија и раздвижено со новите модни теми. Сè уште е на истото место каде што се раѓаат и создаваат модни трендови./М.М.

You may also like

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

Comments are closed.