
Во рамки на традиционалната Годишна изложба, учениците од втора и трета година – смер Дизајн на текстил и облека од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ од Скопје, ќе ја претстават својата модна ревија вечерва, (9 јуни) во 21:00 часот, во просториите и во дворот на училиштето.
Темите од историјата на уметноста послужија како инспирација за создавање на оригинални модни концепти, кои младите дизајнери ги истражуваа и реализираа со креативна храброст и визија.
Свои дела ќе претстават:Ема Илиевска, Јана Самарџиева, Лина Митревска, Стефан Бјелиќ, Мила Андова, Јана Зориќ, Тереза Тачевска, Мелани Манчевска, Анастасија Јованова, Олга Ѓорѓиева, Шенон Андреска, Тино Наков, Андреа Оливети, Живко Станчев, Арбенита Авди, Николина Костовска и Мила Бошковиќ.
Ментор на учениците е професор Елена Вангеловска, стручен соработник е костимографот Раде Василев а реализацијата е на Верка Ѓуровска./М.М.