Bobe's bakery

За подготовка на овој вкусен празничен колач со повеќе имиња, како козињак, милиброт или плетенка потребни се: килограм брашно, 4 јајца, жолчка за премачкување, пакување свеж квасец, пакување ванилин шеќер, 500 мл. млеко, 3 супени лажици шеќер, прстофат сол, 100 гр. бело грозје, отстоено во рум, 100 гр. црно грозје отстоено во ликер од вишњи, рендана кора од портокал, 100 гр. мелени ореви, 150 гр. мелени бисквити, 100 мл. мелен афион,100 гр. путер.

За филот од мелен афион потребни се: 250 мл. млеко, 500 гр. шеќер, пакување ванилин шеќер, 100 гр. мелен афион, 100 гр. црно грозје отстоено во ликер од вишњи, 150 гр. мелени бисквити и 100 гр. путер. Сите состојки, освен путерот и бисквитите мелени, се варат околу 15 минути и се тргаат од оган. Тогаш се додава путерот и бисквитите.

Се замесуваат брашното со квасецот – стасан во дел од млекото (250мл) и јајцата, шеќерот и солта. Додека се замесува тестото по потреба се додава млеко. На тестото се додава рендана кора од портокал.  Се остава тестото да стаса, 30 минути, потоа се размесува и се додава белото грозје. Тестото се дели на четири дела: два поголеми дела за тркалезната модла и два помали за долгата модла. Се оставаат да стасаат 30 минути, покриени со крпа.

Од секој дел се расукува долга тесна кора, во средина се става ладен фил со афион и се затвара кората, филот да остане внатре. Потоа се земаат двете подолги теста и се плетат со вртење меѓусебе.

Плетенките се ставаат во подмачканите модли и се оставаат повторно да стасаат уште 20 мин. Се премачкуваат со жолчка и се посипуваат со шеќер. Се печат во загреана рерна на 200 Ц, 30-40 мин./Б.Б.

Наздравје!

Bobe’s bakery

Bobe’s bakery

Bobe’s bakery

Bobe’s bakery

Bobe’s bakery

 

ММ кујна

Чиа пудинг

Започнете го денот со перфектен, вкусен и хранлив појадок што подолго време ќе ве држи ...

You may also like

Comments are closed.