Uncategorized

Бројни холивудски ѕвезди во трка за негативецот во новиот филм за Џејмс Бонд

По разочарувањето од изборот на Џејмс Бонд, продуцентите зад кулисите го бараат главниот противник на Роберт Патинсон

Изборот на новиот Џејмс Бонд не е единствената холивудска тема што предизвикува возбуда и разочарување. Додека Роберт Патинсон се подготвува за култниот лик, триесетина актери од холивудската А-листа се споменуваат како можни кандидати за улогата на главниот негативец во новиот филм, открива американскиот портал RadarOnline.

Според извор близок до филмската индустрија, интересот за оваа улога е огромен, а меѓу имињата што се разгледуваат има оскаровци, актерски легенди и актуелни холивудски ѕвезди. Меѓу потенцијалните кандидати се Килијан Марфи, Вилем Дефо, Кејт Бланшет, Никол Кидман, Глен Клоуз и Тилда Свинтон. Секој од нив би понудил поинаков тип противник – од ладнокрвна и психолошки сложена личност до харизматичен и застрашувачки непријател.

На списокот се и Џејсон Момоа, Педро Паскал и Тимоти Шаламе, кој би можел повторно да се сретне со Патинсон пред камерите, по заедничкото учество во филмот „Дина: Трет дел“ на режисерот Дени Вилнев. Интересни се и имињата на Стелан и Александер Скарсгорд, Џереми Стронг, Киран Калкин, Питер Динклиџ и Џон Малкович.

Британските кандидати ги вклучуваат Даниел Калуја, Риз Ахмед и Јуан Мекгрегор, додека меѓу актерите од меѓународната сцена се споменуваат Сандра Хилер, Изабел Ипер, Вагнер Моура и Јура Борисов. Списокот го дополнуваат Махершала Али, Чарлс Мелтон и Хадсон Вилијамс.

За новиот филм, чија премиера се најавува за 2028 година, режијата му е доверена на Дени Вилнев, а сценариото го пишува Стивен Најт, познат како автор на серијата „Peaky Blinders“. Според изворите на RadarOnline, продуцентите бараат актер со силно присуство на екранот, кој ќе може да му биде вистински рамноправен противник на Џејмс Бонд.
Фото:RadarOnline

You may also like

Comments are closed.