Bobe;s bakery

Ролатите лесно се прават и изгледаат многу убаво на празничните трпези. Посните ролати се лесни (без јајца, млеко…), се прават побрзо и се многу вкусни.

Состојки потребни за кората: 150 грама брашно, лажица прашок за пециво, 200 грама обарен избледиран спанаќ, 200 мл. кисела вода, 2 лажици масло.

За филот е потребна конзерва туна во парче, 100 грама посен мајонез и оригано по вкус.

Bobe;s bakery

 Подготовка:

– Фил: Туната се цеди од маслото, па се меша со мајонезот и ориганото.

– Тесто за ролатот: обарениот спанаќ се блендира, па му се додава брашното помешано со прашокот за пециво, мала лажичка сол, масло и киселата вода. Се заедно се меша, па се става на хартија за печење во плех. Се пече во загреана рерна десетина минути, на 200 Ц. Кога ќе се извади тестото од рерна веднаш се ролува во сама хартија, па се обвиткува со влажна крпа и се остава да се олади. Потоа тестото се филува, се ролува повторно и се остава во фрижидер еден до два часа, за состојките да се поврзат./Б.Б.

Наздравје!

ММ кујна

Обланди карамел

Обландите со карамел се совршени, особено доколку подготвувате прослава, или, сакате неделниот ручек со семејството ...
ММ кујна

Сушени домати

Најдобри за сушење се малите меснати домати, зрели, црвени, сеуште цврсти и без флеки. Пелатите ...

You may also like

Comments are closed.