Bobe's bakery

За подготовка на овој вкусен празничен колач со повеќе имиња, како козињак, милиброт или плетенка потребни се: килограм брашно, 4 јајца, пакување свеж квасец, 250 мл. млеко, 3 супени лажици шеќер, прстофат сол, 100 гр. бело грозје, 100 гр. црно грозје отстоено во ликер од вишњи, 30 гр. кандирани портокали, 50 гр. бадеми исечкани во листови, 50 гр. какао топчиња.

Bobe’s bakery

За филот од мелен афион потребни се: 250 мл. млеко, 500 гр. шеќер, пакување ванилин шеќер, 300 гр. мелен афион, 50 гр. гриз, 100 гр. мелени бисквити и 100 гр. путер. Сите состојки, освен путерот и бисквитите, се варат околу 15 минути и се тргаат од оган. Тогаш се додава путерот и бисквитите. Се остава да се олади предда се филува.

Bobe’s bakery

Се замесуваат брашното со квасецот – стасан во млекото и јајцата, шеќерот и солта. На тестото се додава рендана кора од лимон или портокал. По потреба се додава млеко. Се остава тестото да стаса, потоа се размесува, се додаваат грозјето, портокалот, бадемите и какао топчињата. Тестото се дели на три дела. Од секој дел се расукува кора. Јас направив два. На еден крај се става ладен фил со афион и се ролува. Се става во подмачкана модла и се остава повторно да стаса уште 15-20 мин. Се премачкува со жолчка и се посипува со шеќер. Се пече во рерна загреана на 200 Ц, од 30 до 40 минути. Наздравје! /Б.Б.

Bobe’s bakery

Bobe’s bakery

Bobe’s bakery

Bobe’s bakery

ММ кујна

Мафини со вишни

Во сезоната на вишните, мафините со ова освежително овошје се безмалу задолжителен десерт. Нашиот рецепт ...

You may also like

Comments are closed.