Во година полна со предизвици, која ја одбележа отворањето на реновираниот бутик на улица „Македонија“ и година во која компанијата го започна проектот „Своч на Кирилица“, Божиновски часовници и накит повторно го доби признанието од Град Скопје и SWOT Research – Најдобар трговски објект во категоријата модни додатоци и накит.


„Оваа награда ја добиваме четврти пат и како компанија која е насочена кон создавање на неповторливо искуство на потрошувачите во нашите продажни салони, а не само кон класична продажба, ни претставува особена гордост. Она во што од создавањето на Божиновски постојано инвестираме е креирање на чувство и емоции кои непрекинато ги споделуваме со нашите клиенти и среќни сме што нашите обиди на пазарот да понудиме нешто различно и ново е забележано од страна на потрошувачите“, велат од компанијата.
Круна на приказната на Божиновски претставува неодамна започнатиот заеднички проект со Swatch – „Своч на кирилица“ преку кој македонските уметници ќе добијат можност да дизајнираат часовници од овој бренд и на тој начин заеднички да дадеме придонес за поддршка и промоција на креативците од нашата земја.
Првиот часовник е веќе создаден и верувајте повредно од секоја продажба се лавината на позитивни реакции и коментари кои ги добивме од јавноста за овој наш проект, тоа е чувството за кое зборуваме, тоа е нашиот стремеж како компанија – да создаваме заедники вредности со целокупната заедница и на тој начин секојдневно да сме во обид да ја победуваме просечноста, потенцираат од Божиновски часовници и накит./М.М.

More in:Вести

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

You may also like

Comments are closed.