Доколку си маж, веројатно би требало да се ожениш – ако си жена, подобро немој!

Paul Dolan  е професор по бихевиорално однесување на Катедрата за психолошка и бихевиорална наука на Лондонската школа за економија и политички науки. Со години спроведува истражувања за мерење на среќата, нејзините причини и последици, како и импликациите на јавната политика.

Заклучоците од неговите истражувања предизвикуваат бројни контроверзи во јавноста. Најновите податоци покажуваат имено дека традиционалните начини кои се користеле за мерење на успехот не се поврзани со среќата – особено не со бракот и подигнувањето на децата.

„Постојат многу добри лонгитудинални студии со кои добивме цврсти резултати, според кои можам да го изјавам само следново: ако си маж, веројатно би требало да се ожениш, ако си жена, подобро немој“.

Тој објаснува дека оженетите мажи „се смируваат“. „Преземате помалку ризик, заработувате повеќе пари на работа и живеете малку подолго. Таа, од друга страна, мора да страда и да умре порано, отколку никогаш да не се омажила. Најздрава и најсреќна популациона подгрупа се жените кои никогаш не се омажиле или имале деца.“ Во својата последна книга, Paul Dolan  презентира докази кои ја покажуваат врската помеѓу задоволството и незадоволството од бракот. Други студии кои ги испитувале финансиските и здравствените придобивки од бракот за мажите во просек, според негово мислење, може да се припишат на емоционалната поддршка, поради која оженетите луѓе се чувствуваат побезбедни кога преземаат ризици или имаат здравствени проблеми.

Сепак, Dolan вели дека мажите имаат повеќе здравствени придобивки од бракот, бидејќи преземаат помалку ризици. На здравјето на жените бракот нема големо влијание, при што средовечните мажени жени биле изложени на поголем ризик од физички и ментални болести од нивните слободни врсници.

И покрај придобивките од животот без деца кај жените, Dolan вели дека постоечкиот наратив, кој го наметнува ставот дека бракот и децата се знаци на успех, всушност доведува до проширување на стигма која, од своја страна, може да направи некои немажени жени да се чувствуваат несреќно./M.M.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.