Simple Retro

Лојални на своето име, едноставноста и ретро изгледот се во срцето на овој бренд кој се залага за безвременска и романтична мода.  Минималистички или романтични, Simple Retro, фустаните со решителен винтиџ дух, одушевуваат со креацијата, како и со цената.

Создадена во 2015 година од група пријателки кои решиле саканите дизајни од пред три или четири децении да ги видат во ново светло. Simple Retro, до полн израз дојде минатата година, кога со извонреден квалитет и одлични цени го освоија пазарот, преку својата електронска продавница и уште десетици платформи.

Simple Retro

Она што Simple Retro, го создаваат во своето студио во Њујорк, го сработува фабрика во Кина во која условите на работа се на нависоко ниво, а материјалите ги одликува висок квалитет, според замислата на другит крај на светот.

Следбениците на деликатни модели, во Simple Retro, можат да пронајдат свој бренд: лесни материјали што лелеаво се вртат околу телото, потоа фустани со тантели за романтични прилики, или боемски кроеви инспирирани од 70-тите години на минатиот век, нежни бои…

Simple Retro

За Simple Retro, стилот мора да остане модерен и да одговара на очекувањата на денешните жени. За да одиме со идејата да останеме во модерните времиња, брендот користи одржливи материјали што е можно повеќе. Цените се движат од прифатливи 50 до 100 САД долари. Забелешка за идните невести: достапен е избор на ултра беспрекорни и романтични фустани за понатамошно проширување на невестинскиот дух пред и по венчавката./M.M.

Simple Retro

You may also like

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

Comments are closed.