Моден мозаикРакотворци

 Анжелика Колева: Самокритичноста е мојот учител

Сметајќи се себеси  за голем перфекциониста, сакам и се трудам до крај се да биде како што треба. Можеби не треба така но, тоа сум јас. Создавам од мали нозе – од ништо правам нешто.Често помислувам дека сум создадена за да создавам, вели Анжелика Колева,  зборувајќи за себе во светот на создавањето, уметноста,…

Како тинејџер почнав сериозно да творам од љубов кон уметноста,и тоа беа месеци и месеци работа на винилки кои и ден денес се мојата љубов во творењето. Љубовта кон уметноста, боите, секоја творба, секое дело што ќе го создадам – се повеќе ме тераат да бидам подобра во тоа што го работам. Од таму доаѓа и успехот: секојдневно учам и се надградувам. Не постојат правила во уметноста.Тоа или го имаш, или го немаш во себе. Едноставно, исфрлање на најдоброто што го умееш од себеси.

Анжелика Колева

Самокритичноста е мојот учител. Јас не сум академски сликар, ниту пак имам одено на било какви едукации за да се усовршувам. Не сум чуствувала потреба за тоа. Секојдневното творење ме учи како треба. Имам свој стил на работа, и тоа е мојот успех. Го работам тоа што го љубам и фитбекот е тука.

Секоја творба ми е возбудлива во исчекување каков ќе биде крајот и колку тој крај ќе го краси делото. Секое дело има своја приказна. На моите слики не им давам име. Тие се цели песни,приказни…..

Anzelika-Art

Љубовта кон уметноста, секојдневието, луѓето – контактите се тие кои ме инспирираат. Разлевам бои од кои креирам форми. Најчесто е застапена апстракната техника. Најзастапен лик во моите дела е жената т.с.”Јас” бидејќи преку мене ја пренесувам секоја емоција – и онаа своја и туѓатa. Има и повеќе ликови во некои дела, зависно од инспирацијата.Често ги нанесувам и традиционалните шари на разни медиуми, влечени шари од народни носии, кои никаде не се исти. И тоа им дава уникатност на делата. Често и самата неможам да се повторам.

Anzelika-Art

Имам своја галерија каде што се изложени сите мои дела. Луѓето ја препознаваат мојата работа, и – ДA, може да се живее од тоа. Можеби не богато, но сепак многу е важно и да се проба, да се ризикува, пред се да си ја љубиш работата…и успехот е неизбежен. Кога се во прашање плановите  – ги имам и се надевам дека ќе ги реализирам. Уште многу изложби се во план, преставувања и во други држави, работа со деца, како и до сега. Трпеливост – и – се ќе се оствари. /М.М.

Anzelika-Art

You may also like

Comments are closed.

Next Article:

0 %