Нашиот успешен интернационален модел Андреј Пајмаковски, за време на двомесечниот престој во центарот на светската мода – Милано, успеа да изработи неколку фантастични проекти помеѓу кои беше и модниот едиторијал за магазинот MOVEM. Фотографирањето беше на неколку локации во Милано предвидено за новата модна сезона.

Пајмакоски е веќе подолг период присутен на интернационалната модна сцена,но откако го застапува ELITE агенцијата, дојдоа и вистиннските проекти. Имено, Андреј е еден од ретките машки модели кој го трасираше патот до големите светски метрополи. Под раководството на тимот на Марко Николиќ од ФОКС МОДЕЛС неговата кариера почна да движи по нагорна линија. Егзотичниот убавец со вистинските манекенски пропорции е одличен пример за сериозноста и професионалноста на машката модна сцена, велат од неговата матична агенција Моделс ИН Менаџмент од Скопје.

Моделс ИН Менаџмент


More in:Модели

You may also like

Comments are closed.