Во галеријата „Ко-ра„ во Домот на културата „Кочо Рацин“, синоќа беше отворена шестата самостојна изложбата на акварели на Елизабета Костова.

Опусот на Елизабета Костова побудува кротка и милозвучна катарза која не поведува кротко, како соновна доживелица на една лелејава променада, во еден тивок свет на дисперзирани мигови, на сетилното, едновремено – ќе забележи по повод изложбата историчарката на уметност Виолета Калиќ.

 

Полека и ненаметливо, како да  провева времето одминато низ лавиринтите на мигот сегашен, преточен во зајдисонцето или изблик на радоста,  низ различни предели на колоратурата на пигментите се распрснува, и обојува време, простор, расположение, од кревка тага, до  меланхолијата, со длабока  резигнација… И пак  повторно не навраќа кон радоста на мигот и блесокот на животот вткаен во светлината, која допира од  пределот, на боите, на формата, на структурата, недофатлива во мигот  на блескоти, ѕуни, одѕвонува во контемплацијата на мигот, денот, на пределот во нас, едновремено толку стварен и толку нестварен, како  оттргнат од сонот, или подзаборавена сказна… се напластуваат и разминуваат сегменти од сеќавањата толку кревки, тивки, нечујни, а сепак стварни,  моќни во сугестијата, во проекцијата на нихилизмот, на празнината, на загубената илузија… и пак наеднаш  повторно  изблик на пролетната растрепереност, на колоратурната гама која прераснува од скерцо во  мало ноктурно, променада, симфонија на денот, мигот, на   светлината која  обојува, вообличува, загатнува, мистифицира предели, коронки  од животот, од радоста на живеењето, постоењето на сите празнувања и восхитувања, на допир од велигденското, божиќното, осмо-мартовското чествување, од допир на сите празнувања знани и незнани, длабоко некаде загатнати  во нас самите кои  едновремено  одѕвонуваат  и ги повикуваат радосниците и гласниците на едно поинакво, загубено, потиснато, незаборавено или ова наше време  спевувајќи ја низ превезот на гамата химната на Денот кој одново се раѓа и блескоти, распрснат низ флуидот, трепери  и блескоти  во сета своја убавина, посочи по повод отворањето Виолета Калиќ.

Иако со диплома на Филозовскиот факултет во Љубљана, Елизабета Костова, целиот свој живот, својата креативност ја изразува и низ сликарството. Слика од кога знае за себе. Ликовите на двојките и жените, пејзажите, на цвеќињата во нејзините акватели, како да треперат на работ на допирот./M.M.

More in:Вести

Вести

ЕКСПО ДУБАИ 2020

Светската изложба отсекогаш била настан што ја покажува способноста на една земја да ја прикаже ...

You may also like

Comments are closed.