Винтиџ гламур, инспириран од шеесеттите, ја дефинира Holiday 2025 колекцијата на Dolce & Gabbana. – Празничната кампања на италијанскиот бренд спојува класична елеганција, современа визуелност и глобална маркетинг стратегија.
Holiday 2025 на Dolce & Gabbana е празнична модна приказна инспирирана од естетиката на шеесеттите години, во која доминираат чисти геометриски линии, строги кроеви, луксузни материјали и палета во сребрени, црни и зимски студени тонови.
Кампањата, снимена од фотографот Gordon Von Steiner и креирана од студиото MAYBE, ја претставува колекцијата во контраст помеѓу снежни пејзажи и минималистички ентериери, што го засилува впечатокот на модерен, но класично елегантен празничен дух.
Женската линија ги истакнува силуетите преку структурирани фустани во брокат, мини-кроеви инспирирани од модните икони на шеесеттите и вечерни модели со дефинирани раменици, додека машката колекција се потпира на класични палта, сакоа и кроеви со прецизна конструкција. Дел од понудата е и специјалниот gift-асортиман – чанти, обувки, накит, очила, па сè до декоративни предмети за дом, создадени да ја заокружат празничната естетика на брендот.
Со Holiday 2025, Dolce & Gabbana ја истакнува својата стратегија на ширење од чиста мода кон целосна lifestyle-платформа а послужи и како уште една уверлива потврда дека брендот ги спојува традицијата, емоцијата и современоста во препознатлив визуелен јазик кој останува доминантен за овој дел од годината./М.М.
Holiday 2025 на Dolce & Gabbana е празнична модна приказна инспирирана од естетиката на шеесеттите години, во која доминираат чисти геометриски линии, строги кроеви, луксузни материјали и палета во сребрени, црни и зимски студени тонови.
Кампањата, снимена од фотографот Gordon Von Steiner и креирана од студиото MAYBE, ја претставува колекцијата во контраст помеѓу снежни пејзажи и минималистички ентериери, што го засилува впечатокот на модерен, но класично елегантен празничен дух.
Женската линија ги истакнува силуетите преку структурирани фустани во брокат, мини-кроеви инспирирани од модните икони на шеесеттите и вечерни модели со дефинирани раменици, додека машката колекција се потпира на класични палта, сакоа и кроеви со прецизна конструкција. Дел од понудата е и специјалниот gift-асортиман – чанти, обувки, накит, очила, па сè до декоративни предмети за дом, создадени да ја заокружат празничната естетика на брендот.
Со Holiday 2025, Dolce & Gabbana ја истакнува својата стратегија на ширење од чиста мода кон целосна lifestyle-платформа а послужи и како уште една уверлива потврда дека брендот ги спојува традицијата, емоцијата и современоста во препознатлив визуелен јазик кој останува доминантен за овој дел од годината./М.М.Фото: официјалната страна на D&G




















