Кога станува збор за облекувањето во празничната сезона, веројатно најчесто се прашувате како да изгледате елегантно и впечатливо, во склад со вашиот стил, да се чувствувате удобно, а сето, поради различни причини, да биде во последен час – значи и со постојната облека.
За елегантен, впечатлив моден look во последен момент, првин размислете за нова комбинација на вашите комплети, или, нов стилски додаток на малиот црн фустан. Модните додатоци можат да го кренат вашиот стил на ново ниво, особено со соодветен со накит или тренди додаток.
Првин, се препорачува проверка на гардероберот, на облеката и на додатоците што лесно може да се усогласуваат и мешаат.
Елегантно и тренди ќе изгледате и доколку се потпрете на проверени комбинации. Класичниот мал црн фустан е првиот на листата, затоа што никогаш не излегува од мода. Ќе остави поинаков впечток со нов избор на накит, марама, или, детал со светки, или сатенска завршница. Со тренди чевли и чанта ќе го изразите вашиот стил и елеганција, со нов, модерен outfit.

За оваа празнична сезона, боите, како бургунди црвена, златна, сребрена и смарагдно зелена, претставуваат препорачлив избор. Заедно со нив, одбраните потпетици не треба да се премногу високи, за да можете непречено да уживате во вечерта.
Доколку забавата е поопуштена, можете да се одлучите за опуштен, кежуал стил. Свилените, сатенски блузи во светли бои, во комбинација со елегантни панталони, можат да бидат совршено решение. Додадете накит (внимавајте да не претерате) и елегантни чизми или чевли.
Понекогаш најдобар избор е да се држите до едноставноста и да инвестирате во квалитетни парчиња. Максимален ефект со минимализам: да изберете црн кожен горен дел и тесни панталони со висок струк, заедно со тренди чанта.
Исто така и елегантни панталони, во комбинација со волнен или кашмирски џемпер, можат да бидат одличен избор за порелаксирана атмосфера.
Не заборавајте да изберете стилски, но функционален додаток, како што е шал во светли, впечатливи тонови.
За машката мода: Сивите, црните и тегет костуми се секогаш во тренд, а можете да ги надополните со свечена, бела кошула. Додадете моден детал, како вратоврска или машна, во тренди боја: бургундри или златна. Црните кожени чевли или модерните чизми со тенки потпетици можат да го комплетираат вашиот изглед. За во поопуштени забави, доволно ќе биде елегантните панталони да ги комбинирате со пригоден џемпер./M.M.


You may also like

Comments are closed.