
Зендаја го претстави својот прв дизајн на патики во соработка со On
Популарната холивудска актерка
Зендаја ја објави својата дебитантска колекција на патики „Cloudzone Moon“ во партнерство со швајцарскиот бренд On и нејзиниот долгогодишен стилист Ло Роуч. Моделот е надградба на нивната веќе успешна силуета Cloudzone, дополнета со
перфорирани детали, зголемена удобност и естетски префинет дизајн. Придружната кампања „Be Every You“ го истакнува значењето од самоизразување и различност преку краток филм и визуелна
нарација.

Зендаја веќе е препознатлива фигура во светот на „It“ обувките — го има инспирирано Кристијан Лубутен за моделот „Miss Z“, потоа со само една стилска прошетка го оживеа балетскиот sneaker-тренд, а минатогодишната On кампања помогна во брендирањето и популарноста меѓу познатите, како Каја Гербер и Линдзи Лоан. Со најновиот дизајн се зацврстува нејзиното влијание во модниот
свет.
Модната икона го проширува своето уметничко поле — моментално го снима четвртиот дел од серијалот Spider-Man: Brand New Day во Глазгов како МЈ, а ќе се појави и во блокбастерот The Odyssey, на Кристофер Нолан, и во романтичната драма The Drama покрај Роберт Патинсон. Ја
очекува улогата како Рони Спектор во биографскиот филм Be My Baby, каде,освен што ќе ја толкува легендарната пејачка, ќе биде и извршен продуцент.
Зендаја е често во медиумите со вереникот, Том Холанд, особено поради очекуваната венчавка и заедничките проекти. Нивната љубовна приказна трае веќе осум години и е предмет на јавен интерес околу датумот на венчавката. Според стилистот Ло Роуч, сепак плановите за венчавка се одложени поради нивните работни обврски./M.M.