Колекцијата за пролет/лето 2025 година на H&M е ода на женственоста: интригантно истражување за чувствата, сензибилитетот и за идентитетот. Разновиден колектив на инспиративни женски ликови се појавуваат во неа, вклучувајќи ги и музичарите Tyla, FKA twigs и Caroline Polachek. Според соопштението, првиот дел од колекцијата на H&M ќе биде достапен во продавниците и на hm.com од 20 март.
Колекцијата ќе има прв и втор дел кои меѓусебно се надополнуваат, но и нудат свои уникатни перспективи и погледи. Заедно, тие оддаваат почит на повеќеслојната природа на современата женственост. Првата серија евоцира здив на етерична бохемија. Нуди нов поглед на пролетниот стил, од облекување за фестивалски настани до градски шик, сето во чест на легендите на модната историја.
Сезонава сме инспирирани од различни фази и моменти во животот на жените и на женственоста. Сакавме да понудиме исклучителни парчиња кои носат енергија и светлина. Чувството за бегство беше многу актуелно, сакавме да си поиграме со прекрасната бохемија, рок легендите и слободата на фестивалот, вели Елиана Масгалос, Директор за дизајн во H&M.
Парчињата се во винтиџ стил, како наследства освежени со урбан и префинет слој – со беспрекорни комбинацији од 70-тите, 90-тите, до денес. Расположението е безгрижно, а сепак остро и самоуверено – секое парче пренесува етерична и сензуална бохемија.
Колекцијата е богата со класични основи на рокенролот: од обемни проѕирни блузи, до кошули и туники на врзување. Парчињата блескаат со интригантни текстури, од украсни рабови на јаки и манжетни, до плетени фустани, мини здолништа со плетенки или украсни монисти и здолништа со ласерски набори, слоевити за максимално движење. Структурните, поцврсти елементи додаваат рамнотежа – од впечатлив блејзер до јакни со повеќе џебови од 70-тите, обработени во кожа.
Модните додатоци, според соопштението се во стилот на бохо: има лежерни чанти во различни големини, можат да бидат стилизирани со папучи и ремени, со змиски принт, или моторџиски чизми создадени за фестивали. Накитот вклучува ѓердани во антички стил, обетки со реси, прстени и елегантни манжетни во метал. Авијаторските очила за сонце го комплетираат изгледот.
Колекцијата е совршен синоним за пролет – исполнета со чувство на слобода, виталност, дух и светлина. Ќе биде промовирана на настан што ќе ги комбинира модата и музиката, во Лос Анџелес на девети април. Деталите ќе бидат наскоро објавени./M.M.

You may also like

Comments are closed.