Славниот српски кошаркар Никола Јокиќ, Џокер во тимот на Denver Nuggets, за прв пат се најде во улога на дизајнер. Во соработка со кинескиот бренд 361°, направи чекор во модната индустрија, дизајнирајќи ги патиките Joker 1, со негов потпис.
Кога Јокиќ реши да ја прекине соработката на NIKE и да стане амбасадор на кинескиот бренд 361°, , влезе и во нова фаза од кариерата, станувајќи дизајнер. Овој потег за многумина беше изненадување, но ја покажа храброста на Јокиќ да проба нови предизвици.
Патиките се веќе во продажба и, сепак, значат повеќе од обувки што ќе ги сакаат и носат неговите поддржувачи и спортските ентузијасти. Joker 1 се повеќе од патики и повеќе од поддржувачи во играта – тие се и визуелна претстава на уникатната филозофија на Јокиќ. Прекарот Joker, кој го придружува низ целата кариера, стана и препознатливо и стилизирано лого.
Joker 1 користи Qu!kCQTECH амортизација која обезбедува одлична удобност и брз одговор, додека ѓонот на Diamond Grip гарантира стабилност и одлично држење на теренот. Дополнително, моделот што доаѓа во март се планира да ја користи технологијата QU!KBONE за подобрена стабилност, како и RPU материјали кои ја зголемуваат издржливоста и долговечноста на патиките.
Joker 1 се достапни по цена до 100 долари, додека новиот, премиум модел Joker 1 GT, што ќе биде лансиран во март 2025 година, ќе чини 140 долари./М.М.

You may also like

Comments are closed.