Uncategorized

Дејвид Бекам во новата BOSS кампања

Колекцијата BOSS by Beckham за есен/зима 2026 ги спојува британскиот класичен стил со опуштената, секојдневна еганција

Дејвид Бекам во новата кампања ја заменува градската динамика со идиличниот амбиент на англиското село. Кампањата ја прикажува машката мода низ едноставни, секојдневни ситуации.

Фотографиите ги потпишува Даниел Џексон, а Бекам е прикажан додека се грижи за градината, го шета кучето или ужива во кафе и весник. Наместо гламурозни пози, кампањата се потпира на природност и на идејата дека стилот не бара претерување, туку вистински избор.

Колекцијата се потпира на безвременските британски класици, но ги интерпретира на современ и ненаметлив начин. Палто во камел нијанса и црна ролка ја нагласуваат класичната елеганција, додека карирана кошула-јакна, кожената јакна и порелаксираните кроеви внесуваат лежерност.

Особено впечатлива е комбинацијата од тексас-јакна и црн елегантен костум, со која BOSS покажува како формалните и спортските парчиња можат да се спојат во современа машка комбинација, без да изгледаат претерано стилизирано.

Кампањата BOSS by Beckham ја поставува својата идејата за елеганија преку квалитетни материјали, добар крој и парчиња што не зависат од сезонските трендови. Во светот што го прикажува Бекам, шетањето низ природа, кафето на тераса и добро скроеното палто стануваат дел од современата дефиниција на британскиот стил.
Фото: BOSS

You may also like

Comments are closed.