Неговите креации сами по себе се толку ефектни, што им треба само минимална шминка и едноставна романтична фризура. Ѕвездите кои ги носат неговите фустани, редовно се наоѓаат на списоците на најдобро облечени. Негови креации носат и обожаваат: Blake Lively, Kristen Stewart, Sofia Vergara, Jennifer Lopez, Kylie Minogue, Taylor Swift, Katy Perry. – Двете најнови колекции – за пред есен, како и есенската за годинава, ги носат сите карактеристики на најталентираниот дизајнер на 21-от век
Го сметаат за еден од најталентираните дизајнери на 21-от век, а познат е и како тајно оружје на убавиците од црвениот тепих. Zuhair Murad, дизајнерот за кој се зборува од Париз до Њујорк, е роден и израснат во Либан, во 1971 година. Својот прв бутик го отвори пред 15 години, а светската јавност го запозна на Париската недела на висока мода во 2001 година. Тогаш ги собра ловориките на светските медиуми, а неговите креации беа меѓу најубавите. Четири години подоцна неговата Ready-to-Wear колекција, имаше задржано доза на гламур, но беше прилагодена на потребите на модерната жена. На чело е на Chambre syndicale de la Haute Couture, Извршниот одбор на Неделата на висока мода во Париз.
Истоимениот бренд е основан во 1997 година во Бејрут и Париз, а денес е присутен во над 100 продажни места шири низ целиот свет (САД, Франција, Велика Британија, Монако, Швајцарија, Јапонија, Русија, Канада, Сингапур, Кина и ОАЕ…), со планови за проширување во наредните години.
Колекциите на Мурад ги мешаат со векови старите наследства и модерниот пристап, и тоа е стил на кој куќата е многу лојална, со мисија за континуирана потрага по ракотворство, гламур и удобност.
Перфекционизмот е исто така она на што инсистира Zuhair Murad, обидувајќи се да го спроведе во текот на сите фази на креирањето: од концептот до комплетирањето на дизајнот.
Секоја облека е резултат на долг и ригорозен творечко – занаетчиски напор, работа со која се создава врвна елеганцијата.
Либанскиот дизајнер освојува со женствени креации кои ја истакнуваат сета убавина на женското тело. Со призвук на 50-те, неговите haute couture колекции имаат своевиден вид рокерски допир, со апликациите од чипка и цветните мотиви. Обожава кроеви на сирена, светкави детали, стил на стариот Холивуд, женствени и проѕирни материјали, со интензивни, но и пастелни палети на бои.
Сето тоа се гледа и во неговите две најнови колекции.
Колекцијата Zuhair Murad pre-Fall 21 е инспирирана од движењата на телото на прима-балерината Маjа Плисецкаја, преставени преку фотографиите на покојната модна фотографка Deborah Turbeville. Инспириран од прецизноста и мајсторството на руската балетска кореографија, Мурад повторно ја открива врската помеѓу модата и движењето. Тој вешто ги моделира женските силуети, со обликување на текстури, за да го инкарнира континуитетот на секое движење, преку бројните форми и волшебните отпечатоци од свила.
Колекцијата може да се пофали со непобитно чувство за женственост!
Ready to wear Fall 2021 https://www.zuhairmurad.com/en/readytowear-fall-2021
Од креп, тантела и макраме, до сомот и свила, ткаенините се преплетуваат во совршена хармонија, заплеткувајќи се во нежни линии или суптилни јазли. Фустаните од сомот се карактеризираат со применети апликации, додека мекиот муслин црта арабески шари, за да открие природно елегантни и еластични пози./М.М.