Zuhair Murad

Колекцијата на Zuhair Murad за ова лето ја стопува жената во магијата на кедровата шума, ја слави нивната сила, претставувајќи ги како извор на бесконечноста и на инспирацијата. https://www.zuhairmurad.com/en/couture-spring-2021

За летото 2021, Zuhair Murad изненадува со инспирацијата за својата прекрасна колекција на високата мода. Тоа е кедарот, симболот на Либан, татковината на Zuhair Murad. Кедарот е „вечно“дрво – му ги дава своите најдобри квалитети на суштеството што грациозно му пркоси на гневот на природата и на човекот, издржува секакво невреме, ја надминува секоја пречка. Кедарот, како и жената, е живот и дава живот: затоа нивната средба и споредба, нивното стопување се инспирација за колекцијата која ја отелотворува оваа исклучителна синергија.

Zuhair Murad

Во лавиринтот на апстрактна кедрова шума, жената замислена од Zuhair Murad, тргнува на мистично патување – на самооткривање.

Фустаните го отсликуваат одблесокот на магливата шума, во зората на еден летен ден: сино-сивото небо, розовите облаци, песочните нијанси на беж и сива, на чиста водено зелена боја и секако, сребрена, со многу сребрени детали што го оцртуваат торзото на жената обвиткана во тул,свила, лурекс и креп.

Мајстор за везење, Зухаир Мурад вешто го обложува своето проѕирно платно со пенливи сјаеви и светки, каскади од сребро, светлосна прашина и деликатно сјајни дезени што внесуваат живот во корсетите и додаваат флуидност во фустаните.

Zuhair Murad

Беспрекорно и брилијантно, дизајнерот исцртува обрасци на гранки и лисја во неверојатно преплетување околу телото. Портретира тродимензионални цветови и ја зафаќа светлината што ги опкружува силуетите во заносен ореол. Пердувите се наоѓаат на краевите на ракавите, на нозете, или, во украсите низ телото, потсетувајќи на птици кои слетале на кедровата жена за да и се восхитуваат на нејзината убавина и мистерија. Гламурот се наоѓа во секој набор од долгите фустани, воздушестите драперии, смелите шлицови и проѕирните ткаенини, обликувани во разголени фустани, осветлени со сребро – се се бранува во оваа колекција, грациозно – и го заведува окото./M.M.

Zuhair Murad

Zuhair Murad

Zuhair Murad

Zuhair Murad

 

More in:Мода

You may also like

Мода

Zimmermann rezort 2023

Nicky Zimmermann неделава ја претстави својата колекција за на одмор, за наредната – 2023 година. ...

Comments are closed.