Иако Zara е бренд познат по производство на облека, се почесто почнува да се спомнува и кога се во прашање парфеми и тоа особено оние кои потсетуваат на најпознатите мириси: Dior, D&G или Yves St Laurent.

Имено, се повеќе се зборува дека иако според постојаноста неможат да се споредуваат со познатите парфеми, по мирисниот впечаток се повеќе од препознатливи. Според цената пак се дефинитвно конкурентни.
Споредувањата некаде едноставно се наметнуваат: мирисните ноти на Zarа Black Amber неодоливо потсетуваат на оние на The One, парфемот на D&G. За многумина и Zara Gardenia многу наликува на луксузниот француски парфем Black Opium на Yves Saint Laurent .


Hypnotic Рoison Dior, познат по мирисните ноти на јасминот,бадемот и мошусот има свој пандам во Zara Nuit, за кој исто се вели дека е моќен, незаборавен парфем со извонредно пристапна цена.
Парфем што многумина го споредуваат со популарниот парфемски мирис на Lancome, познатиот La vie est belle е Zara Red Vanilla.

Zara во својата парфемска колекција има и неколку неспоредливи парфеми, како Orchid или Femme, за који исто така се добиени високи оценки на оние кои ги пробале, со јасна забелешка која се однесува на пристапноста на цените. Имено, парфемите на Zara, во стандани 90 мл. шишиња, се со просечна цена од дваесетина евра, што е секако попристапно од познатите светски парфеми. Затоа и не изненадува подемот на пазарот на Zarа парфемите./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.