За топлите летни денови, кога најчесто се размислува за освежување, брендот Zara подготви колекција костими за капење.
Во пригодната рекламна кампања, во која можат да се видат и ретро дезени, како и костими со асиметрични кореви, настапува Imaan Hammam, холанска манекенка, со мароканско и египетско потекло.
Во претставувањето на колекцијата костуми за капење за ова лето, од брендот посочуваат дека се достапни на сајтот на Zara, како и во поголемите продажни центри.
Како надополнување Zara Home ја лансираше и својата колекција облека за плажа, која содржи минимални силуети./М.М.