Растенијата што никнуваат од облеката и обувките на моделите на ревијата на машка облека на шпанскиот моден бренд Loewe, претставуваат колекција создадена како спој на природата и технологијата и „спој на органското и фабрикуваното“.

Во соопштението на модниот бренд се вели и дека колекцијата на Loewe е наменета за сезоните пролет/лето 2023 година и е дизајн на креативниот директор Jonathan Anderson.
Облеката со растенијата на Loewe е создадена во соработка со шпанската био-дизајнерка Paula Ulargui Escalona.
Дизајнерката култивираше кантарион и чиа на дуксери, спортски панталони, фармерки и чевли во наменски изградена стаклена градина 20 дена пред ревијата, на 25 јуни. Облеката е редовно наводнувана, за да се осигура дека растенијата ќе се во ред и за ревијата – изложба.


Loewe имаше за цел да ги комбинира световите. „Идејата е дека со текот на времето парчињата се спојуваат со природата. Екраните што прикажуваат слики од птици, зајдисонца и морски свет се фиксирани, зашиени како во своевидна ЛЦД крпеница.
Loewe за настанот изгради и огромен искосен волумен што стана аголна писта за преставување на колекцијата. Затемнетоста на ревијалниот простор имаше за цел да ги разигра концептите на колекцијата за природното и фабрикуваното, создавајќи простор во речиси клинички и лабораториски стил.

Вистинското и дигитално репродуцираното. Природата и технологијата се среќаваат во опкружување кое го проширува умот, велат од брендот./М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.