По силната финансиска година 2020 година, Zalando ги надгради своите амбиции за раст и има за цел да го зголеми бруто обемот на производи (ГМВ) на вредност од повеќе од 30 милијарди евра до 2025 година. Целта е долгорочно да покријат околу  десет проценти од вкупно 450-те милијарди евра вреден европски пазар на мода.

Zalando е компанија за е-трговија, основана во 2008 година, со седиште во Берлин, присутна на 17 европски пазари, која преку платформа нуди производи за семејството. Шведската компанија Киневик е најголемиот учесник на Заландо, со удел од 21 проценти.

Коментирајќи ги постигнатите резултати во тргувањето, ко-извршниот директор  Robert Gentz, вели: 2020 година беше година како ниту една претходна. Ја следевме нашата долгорочна визија:  да бидеме Појдовна точка на модата. За следните години, нашиот фокус останува на растот и на инвестиции на долг рок.

Во 2020 година, Заландо ја зголеми својата активна база на клиенти за 25 проценти, односно на 38,7 милиони. Компанијата планира да ги прошири своите европски пазари  во: Хрватска, Естонија, Летонија, Литванија, Словачка и Словенија годинава и во Унгарија и Романија, во 2022 година. https://www.zalando.co.uk/women-home/

 

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.