Никола Андоновски е интернационален модел и четири години дел од агенцијата Models In. – За Никола има многу сличности во моделингот кај нас и во светот: насекаде мораш да бидеш професионален и одговорен. Има мала разлика во однос на сетовите и во однос на сите луѓе вклучени во проектот. Имав среќа што работев во Индија и да го осетам модниот ритам и таму, вели Андоновски. – Целава ситуација со епидемијава направи да се менуваат плановите, а доколку набргу дојде до стабилизација, Никола планира летово да работи во Кина. 

 

ММ: Како би ја опишале модната сцена во Македонија, каде е во споредба со сцената во регионот и што би било карактеристично за регионалниот моден простор? 

Сооглед на тоа дека сме многу мал пазар, модната сцена во Македонија прилично добро фукционира, така што и во оваа состојба, има неколку модни дизајнери и модни куќи кои создаваат нови колекции. Тоа е за мене добар знак, иако, во глобала, гледам дека не се разликуваме многу од модната сцена во сосеството.

ММ: Колку се смени животот откако ја започнавте кариерата на модел?

Во принцип немам некои големи промени, единствено можеби што научив да бидам поодговорен, за да постигнам на сите места.

ММ: Со што се занимавате покрај моделингот?

Бидејќи имам завршено за електротехничар, како дополнителен ангажман имам фирма која се заминава со електрика. Освен тоа, дополнително се заминавам и со fitness workout  како личен тренер.

ММ: Модел во Македонија и да се биде модел во светот – може ли да се направи паралела?

Има многу сличности околу моделингот – насекаде мораш да бидеш професионален и одговорен модел, има мала разлика во однос на сетовите и во однос на сите луѓе вклучени во проектот. Имав среќа што работев во Индија и да го осетам модниот ритам и таму.

ММ: Со кого би сакале да соработувате во иднина?

Има повеќе дизајнери со кои би сакал да соработувам, се надевам дека таа желба еден ден и ќе ми се оствари.  Би ја истакнал модната куќа GIVENCHY,  како една од моите омилени.

ММ: Кои се добрите и лошите страни на моделингот? Колку жртви се потребни да се влезе во светскиот моделинг?

Добрите страни на оваа професија се дека работиш и платен си заради добриот изглед, честите патувања и запознавањето на различни култури и земји. Под условно лошите страни ги гледам работите што мораме да ги совладаме, сите препреки, 24/7 да се грижиш за себе и својот изглед, постојано да вложуваш во здрав начин на исхрана и добар изглед на телото, потоа спремноста да се прилагодуваш на различен тип на снимања.

 ММ: Како го опишувате вашиот личен стил на облекување?

Со оглед на годините – јас сум млад човек, и едноставноста и лежерноста ми го одредуваат стилот на облекување. Можеби, кога би бил по прецизен, мојот стил би го окарактеризирал како smart casual.

ММ: Ваш совет за оние кои сакаат да станат модели?

Да имате голема самодоверба, редовно да вложувате во изгледот и во вашето тело и да и верувате на вашата матична агенција.

 

ММ: Треба ли да се верува дека соништата се остваруваат кога ќе станеме достојни за нив? Кои се вашите планови за годинава?

Верувам дека секој сон може да се оствари кога ќе дојде вистинското време, а верувањето во сонот е тоа што го движи светот и нас. Целава ситуација со епидемијава направи да ни се сменат плановите, а доколку набргу се стабилизираме, мој план е летово да работам со модна агенција во Кина./М.М.

 

 

More in:Модели

You may also like

Comments are closed.