На самиот почеток на годинава, Yves Saint Laurent се појави со ново издание на својот Black Opium, наречен Black Opium Illicit Green. Во колекцијата на Yves Saint Laurent, Opium, создаден во осумдесетите години на минатиот век, се наоѓа и серија на Black Opium изданија, чиј оригинал датира од 2014 горина. Тоа се: Black Opium Neon – од 2019 година и Black Opium Extreme од минатата, 2021 година.

Новиот Yves Saint Laurent Black Opium Illicit Green е енергичен, безалкохолен коктел во кој интензитетот на кафето се меша со овошните сокови на мандарина и на смоква. Парфимерката Nathalie Lorson има додадено интензивна доза на незаборавната мистична, моќна заводливост на оригиналниот Black Opium. Парфемот е направен во соработка со париската bartender и миксолог, Margot Lecarpentier./М.М.

 

 

You may also like

Comments are closed.