Американскиот дизајнер Wes Gordon е добитник на наградата Red Carpet Visionary, на WWD Style Awards, настан одржан на трети јануари, во Лос Анџелес, САД. Gordon, кој од 2018 годинара е креативен директор на Carolina Herrera, доби признание за неговиот иновативен пристап во креирањето облека по нарачка за посебни пригоди, како и на неговата умешност да ги спои модерните сензибилитети со класичната елеганција.
Откако го презеде кормилото на Carolina Herrera, Gordon ја реинтерпретира безвременската естетика на брендот, освојувајќи бројни воздишки на црвените ќилими ширум светот. Според CFDA, неговите дизајни станаа омилени меѓу познатите личности, што го прави истакната фигура на светската модна сцена. Наградата за стил на WWD (WWD Style Awards), представува продолжување на Eye on the Red Carpet и има за цел да го претстави придонесот на дизајнерите, стилистите и на уметниците кои ги создаваат и обликуваат изгледите на забавите, во сезоните на награди.
Wes Gordon е американски моден дизајнер, роден во 1988 година, во Чикаго, Илиноис. Студирал во Central Saint Martins и е познат по неговата работа, која често вклучува соработки со занаетчии.
Визионерската работа на Gordon е резултат на почит кон наследството на Carolina Herrera но и на новото, современо сфаќање за модата, поради што неговите дизајни ги пленат и оние кои ги носат, како и оние кои ги гледаат на црвениот ќилим./М.М.
More in:Мода вести
Справување со текстилниот отпад и преку редефинирање на модата
Решавањето на проблемите со текстилниот отпад вклучува редефинирање на модата преку промовирање одржливи практики, како ...
Стил и елеганција за празничната сезона: Модерен outfit за секоја забава
Кога станува збор за облекувањето во празничната сезона, веројатно најчесто се прашувате како да изгледате ...
Whispers in Time – нова колекција на Monika Dimova
Моника Димова, креативна директорка и моден дизајнер на истоимениот бренд, ја претстави својата најнова колекција ...
Gucci Gift – празнична приказна со Dakota Johnson
Четвртото поглавје на Gucci Gift кампањата, насловено како Ноќ во Фиренца, ја оживува празничната магија ...