За неговата Wild West колекција наменета за периодот пред есента 2022 година, дизајнерот Zuhair Murad, ги минува континентите и морињата – се до пустината Колорадо. Интензивниот и мистичен амбиент кај дизајнерот побудува желба да го истражува Дивиот Запад.

Здолништа и панталоните се широки, во црна или виолетова боја; јакните што одговараат на формата на Западот, се со основ кожен декор, инспириран од облеката на каубојците од пространствата на Големиот Кањон.
Фустаните, здолништата и панталоните се надополнети со шари карактеристични за Дивиот Запад, надополнети со наметки или надуени ракави.

Се појавува и неверојатен контраст помеѓу невиноста и софистицираноста – каде што крепот се спојува со кожени исечоци доработени со чипка. Иако пристапот е само навидум површен, силуетата е интригантна, истакнуваат од брендот, во претставувањето на Wild West колекцијата, на нивниот сајт: www.zuhairmurad.com


Во коментарите за колекцијата се истакнува романтичниот и впечатлив – убав микс на кантри/западен стил, кој никогаш претходно не е направен толку прекрасен. Zuhair Murad останува суверено да владее со дизајност, а неговите дела да се љубов на прв поглед./М.М.

 

 

More in:Мода

You may also like

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

Comments are closed.