Тивка романса и скулптурална прецизност во Alyne – новата колекција на Rita Vinieris
Модниот бренд Alyne, под креативно водство на реномираната дизајнерка Рита Виниерис (Rita Vinieris), ја претстави новата колекција за есен/зима 2026 под наслов „Whispered Structure“, која носи суптилен, но силен моден исказ за современата романса. Колекцијата е внимателно осмислена како омаж на воздржаноста, каде што тивката елеганција и архитектонската прецизност создаваат ново читање на женственоста.
Според дизајнерката, „Whispered Structure“ ја редефинира модерната романса преку скулптурални силуети и архитектонско драпирање, при што секој невестински фустан е студија на контрасти – флуиден, но јасно дефиниран, минималистички,но богат со детали. Колекцијата е создадена за жени чија елеганција произлегува од намерата и самодовербата, а чие присуство остава впечаток долго по завршувањето на моментот.
Фустаните на Alyne се препознатливи по концептот на едноставен луксуз и чист дизајн. Во новата сезона, тој пристап е надграден со внимателно избрани луксузни материјали и неочекувани, суптилни детали што резултираат со модерни, лесни силуети. Колекцијата делува префинето и ненаметливо, но истовремено изразува силна дизајнерска мисла преку свеж стил и софистицирана едноставност.
„Whispered Structure“, новата колекција на Rita Vinieris може да се види на следниот линк: https://ritavinieris.com/alyne-fw2026
Rita Vinieris веќе три децении гради препознатлив моден стил, базиран на страст кон дизајнот, врвни материјали и детали инспирирани од високата мода. Нејзините силуети се создадени за реални жени, со цел да се чувствуваат самоуверено и убаво, без наметливост или претерана декорација. Флуидните линии и педантното внимание кон деталите се нејзин заштитен знак, дополнет со суптилна доза на лесен шарм и дискретен луксуз.
Освен венчаниците, по кои е најпозната, Vinieris успешно го проширува својот креативен израз и во доменот на вечерната мода. Нејзините bespoke вечерни креации се создаваат со истото ниво на исклучителна изработка и couture детали, со кои се слави индивидуалната брилијантност на жената што ги носи. Инспирацијата ја црпи од светот околу себе, пренесувајќи ја сопствената перспектива во секоја нова колекција./M.M.
![]()


















