Бојата на годината за 2023 година, според Pantone е „ кармин црвена “, направена со AI вештачка интелигенција и наречена Viva Magenta. Според соопштението за печатот, тоа е неконвенционална сенка за неконвенционално време. Нијанса е подготвена за метаверзумот.

Инспирирана е од кохинеал, скапоцена боја која што се добива од редок инсект. Единствена во добивањето инспирација од животните, бојата на годината на Pantone за 2023 година е различна од сите досегашни и затоа што е подготвена за метаверзумот. https://www.pantone.com/articles/color-of-the-year/what-is-viva-magenta
Последниве неколку години беа трансформативни на многу начини во однос на чувството на луѓето за себе, и за начинот на кој се размислува за благосостојбата, приоритетите и идентитетот, се вели во соопштение за печатот на Laurie Pressman, потпретседател на Институтот за боја на Pantone. Како резултат на тоа, создаден е простор каде што сме слободни да истражуваме и да бидеме прифатени токму онакви какви што чувствуваме дека сме, без разлика дали тоа е во кибернетски универзум, конвенционален простор или е магичен спој на двете./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.