Брендот за долна облека Victoria’s Secret потпиша нов список на договори за промоција на својата долна облека на кој, наместо ангелите, се фудбалерката Megan Rapinoe, актерката Priyanka Chopra Jonas, како и бразилскиот трансродов модел Valentina Sampaio.
Victoria’s Secret планира во 2022 година да продолжи со својата модна ревија, но во многу поинаков формат, и без ангелите кои, како што се чини, одат во историјата.
Во модната куќа велат дека кога светот се менувал, тие биле премногу бавни да одговорат. Требало да престанат да се занимаваат со она што го сакаат мажите, туку со она што го сакаат жените.
Гигантот за долна облека Victoria’s Secret реши да ги замени хиперсексуализираните модели на брендот, поради, како што се тврди, нивното олицетворение на машката фантазија, за точно претставување на она што жените го бараат во долната облека.
Критикувана за објективизацијата на жените, Victoria’s Secret во 2019 година ја напушти својата позната модна ревија, глобалниот телевизиски настан , на кој жените парадираа по модната писта во минимална долна облека, полна со скапоцени камења, пердуви и тантела. Од тие настани, останаа само спомен фотографии./М.М.