Pucci ја ревитализира винтиџ елеганцијата со современ шмек и навестување за циклусите на природата. Колекцијата на Pucci, Very Vivara, замислена од Camille Miceli, претставува хармоничен спој на геометриски, апстрактни и органски мотиви. Ја пренесува динамичната суштина на природата, од флуидното движење на водата до небесните орбити на сонцето и месечината, вградени и во чантата Pucci Yummy. Овој моден додаток, со богата инфузија на бои и дезени, го дава тонот на сезоната, нудејќи спој на визуелна привлечност и елеганција.
Супермоделот Vittoria Ceretti и облеката на Very Vivara ја отелотворуваат инспирацијата на колекцијата – елементарната моќ на водата. Инаку, овој дизајн на Vivara, кој за прв пат се појави во 1965 година, повторно замислен од Miceli, преку објективот на Mariо Sorrenti, добива нов живот, пулсирајќи со нова енергија.
Колекцијата манифестира стил и софистицираност: ода е на легендарниот принт на Vivara, спојувајќи ја модата со уметноста, преку избор на женски фустани и ексклузивни додатоци.
Геометриските форми и живите бои на принтот внимателно се применуваат на висококвалитетни ткаенини, обезбедувајќи секое парче да стане уметничко дело.
Понудата за оваа сезона вклучува палета на елегантни фустани и софистицирани парчиња облека, идеални и за градски и за приморски амбиент. Колекцијата вклучува кафтани, шарени блузи и здолништа, сето тоа збогатено со детали од габардин и дизајнирано да ја исполни желбата на жената Pucci за удобност, во комбинација со елеганција. Додатоците, како софистицирани чанти и сандали со заоблени потпетици, го комплетираат аутфитот.
Колекцијата Very Vivara го ревидира винтиџ шармот од 1960-тите, комбинирајќи модерни силуети со иновативни ткаенини за да се вклопуваат во секоја фигура. Нуди и опции за мажи, со модерни блузи и софистициран тексас, кои постигнуваат совршена рамнотежа помеѓу кежуал и шик.
Линија е наменета за оние кои се стремат да го комбинираат модерниот естетски израз со традиционалната елеганција, презентирајќи колекција која е исто толку безвременска, толку и современа. /М.М.
Целосна информација за новата колекција е на следнив линк: https://www.pucci.com/en-mk