Valentino Garavani подготви видео за создавањето и изработката на најновата, главна улична мода – плетените патики „Crochet Sneakers„. Претставен е целиот процес: од иглите и конецот со кој мајсторот, занаетчија, почнува да ги плете патиките, за потоа и да ги хекла, да им врзува чворови, прави плетенки и ткае, со што патиките ги прави динамични додатоци.
Патиките потоа се препраќаат на фабричка лента, на поставување на подлогата, склопување и пакување. https://www.valentino.com/en-rs/experience/valentino-collezione-milano-man?utm_source=newsletter&utm_medium=email&utm_content=crochet_sneakers&utm_campaign=m_mainss_21
Формалната но и кул романтика е предлогот на Valentino Garavani за машките сакоа пролетва.
Во поранешната фабрика во Милано имено почнаа да се создаваат нови колекции на Valentino Garavani. Од овој урбан простор, претставена е новата машка колекција дизајнирана од Pierpaolo Piccioli. Потсетувајќи на правилата на машката облека, романтиката се интерпретира како формална, но и кул и релаксирачка, индивидуална и слободна./M.M.