Црпејќи инспирација од филмските дела на Federico Fellini и Luchino Visconti, кампањата користи естетика од времето на класичната римска кинематографија
Најновата кампања на Valentino Galvani не води кон трансформативно истражување на домот, сеќавањата и идентитетот. Во центарот е идеја според која секој потег што го правиме подразбира оставање на познат простор и истовремено прифаќање на нов – ритуал на разделба и добредојде. Оваа динамична интеракција, според претставувањето на Valentino Galvani, поканува да размислуваме за нашите врски со минатото, додека чекориме кон непознатото.
Поставена на простор на палатата Mignanell, кампањата мајсторски ги испреплетува духот на Рим со група несекојдневни ликови. Кино кралици, ексцентрични уметници и фасцинантни ликови на благородништво во опаѓање – сите што ја отелотворуваат богатата, парадоксална суштина на градот. Секој лик придонесува кон vivid tableau (живописно сликарство) кое го слави животот во сета негова сложеност, спојувајќи ја историјата со живописната современост.
Црпејќи инспирација од филмските дела на Federico Fellini и Luchino Visconti, кампањата користи естетика слична на соништа од времето на класичната римска кинематографија. Сликите доловуваат моменти кога дионизиската атмосфера на стариот Рим се спојува со раскошот од 1970-тите, создавајќи безвременска нарација која резонира со публиката на денешницата.
Кампањата не е само визуелен празник; таа е и искажување почит кон градот Рим – место каде што богохулењето коегзистира со бројаниците, а светото се сретнува со профаното. Не потсетува дека секој нов премин не е само заминување, туку можност за реинвенција, овозможувајќи ни да ги пренесеме одгласите на историјата во нашите модерни животи.
Низ овој фасцинантен објектив, Valentino поканува на прослава на убавината на животот и уметноста, опфаќајќи го духот на градот кој останува вечно волшебен./М.М.
More in:Мода вести
Обиди се – порака од 54. Perwoll Fashion Week
Есенскиот, 54. по ред Perwoll Fashion Week ќе се одржува од 17. до 25. октомври ...
Gap и Cult Gaia создаваат за модерната божица
На изненадување за љубителите на модата, Gap се здружи со Cult Gaia за да создадат ...
Beyoncé и Levi’s® го редефинираат тексасот
Beyoncé and Levi’s® ја представија “REIIMAGINE”, рекламната кампања која, според авторите, е смело редефинирање на ...
Петти роденден на Magnetik Gallery
Петтиот роденден на првата мултибренд продавница на Magnetik Gallery, во Skopje City Mall, корнер со ...