Британската актерка Florence Pugh стана нова дива на модната куќа Valentino, придружувајќи им се на Zendaya, Son Ye-jin и на Lewis Hamilton.
Новaта Valentino DI.VA., Florence Pugh, настапува во кампањата со која се промовира колекцијата Rockstud. Снимена од познатиот фотограф Steven Meisel, позира со новата чанта на Valentino Garavani – Rockstud23 во серија портрети, изразувајќи се преку моќта на емоциите.
Инспирирана од украсените влезови на древните римски палати, колекцијата Rockstud на Valentino Garavani повторно ја замислува традиционалната облека во низа нови, смели, рафинирани форми.
Освен чантите, со нови боји се надополнети и легендарните Valentino Garavani Rockstud чевли. Колекцијата со новата палета на комбинации на бои, според брендот, има за цел да овозможи изразување на уникатна индивидуалност./М.М.