За креативниот директор Pierpaolo Piccioli, модното шоу на високата мода на Valentino за есен/зима 2023-2024, насловено како Un Château (замок) е метафизички ентитет, контекст кој сам по себе може да се реконтекстуализира. Сведок на едно минато време, просторот носи траги од животите кои биле живеани во него – претходно симбол за елитизам и статус, замокот денес може да ја отфрли својата историја, да се рекалибрира. Безимен и универзален, замокот може да постои секаде и за секого, може да стане форум за нова еднаквост и прослава на убавината, уникатноста и слободата.
Место како идеја – како претстава, метафора… Значи незамокот, туку „Un Château“ .
„Un Château“ е многу повеќе од простор, од локација и име на колекција – експреспресија е на идејата за живот, симбол што треба да се анализира, истражува, а потоа да се редефинира.
Valentino својата најнова колекција ја претстави во најубавиот замок во Chantilly, северно од Париз. Kaia Gerber го отвори шоуто облечена во светкав тексас, бела кошула, сребрени металик сандали со машнички и обетки во вид на лустер.
Машничките и обетките беа постојан додаток на сите изгледи. Лесните тоалети и смелите исечоци станаа општата тема: металик и смелите бои доминираа – од кралско сината до силната црвена. Секако – и славната Valentino pink, магичната розова.
„UN CHÂTEAU“ модната ревија на високата мода за есен/зима 2023-24 може да се проследи тука.