Кон средината на 60-тите, британскиот модел Твиги (Twiggy), за време на ерата на модата на Мод, тогаш актуелниот стил на шминка, со нежни линии околу очите и бледо розови нијанси на усните, го смени во подраматичен изглед на шминка за очите и густи трепки.
Симултано детски и андрогин, моделот со око на срна, е многу повеќе од постер во списание. Таа е трендсетер и стилска икона во која жените од сите возрасти продолжуваат да бараат инспирација. На многу од сликите Твиги носи иста, драматична шминка за очи, со црна алајнер линија, бледа сенка и слоеви маскара на трепките.
Додека Твиги, сега на 71 година, можеби ја надраснала шминката на Мод од нејзиното минато, новата генерација ѕвезди, вклучувајќи ги Ariana Grande и Anya Taylor-Joy, ја продржуваат убавината на ерата на шминката инспирирана од славниот британски модел.
Во име на носталгијата по 60-тите години на минатиот век, порталот L’OFFICIEL направи потсетување на стилот на Твиги со одбрани фотографии, што ја направија едно од најпознатите лица на сите времиња./М.М.