Томи Hilfiger, американски моден дизајнер и основач на истоимениот култен бренд, е познат по својот карактеристичен моден правец во кој се спојуваат спортот и елегантната облека и по специфичната, намалена боја на парчињата што се надалеку препознатливи.
Hilfiger својата прва продавница за облека, People’s Place, ја отвори додека беше матурант, во 1969 година. Во продавницата имаше ѕвонести фармерки, елеци со реси и цветни фустани, и тие веднаш беа продавани. До средината на 70-тите, Hilfiger отвори седум продавници. Денес тој е дел од сеамериканската легенда, фокусиран на неговиот основен концепт, модернизирани класици.
По повод неговиот 70-ти роденден, Hilfiger зборувајќи за Вог за тоа што значи денес да се има стил и кои парчиња секоја жена треба да ги има во својата гардероба истакна: „Класичниот стил има траен квалитет кој секогаш ги надминува трендовите“.
Hilfiger тврди дека добро скроената јакна е задолжителна во гардеробата на секоја жена.
Верувам во удобни, софистицирани и разновидни класици во кои можете да бидете од утро до вечер, од канцеларија до ресторан, вели дизајнерот. Моите омилени парчиња се бела кошула со копчиња, добро скроени фармерки и секако совршено скроен блејзер кој може да се носи за секоја пригода. Класичното палто прави да се чувствувате моќни и е одличен додаток на секоја гардероба. Потоа, сè е во деталите и личниот печат, како прекрасен часовник, или, парче накит за комплетирање на изгледот.
Во последната колекција на Hilfiger, за идната пролет, можат да се видат изгледи за кои вели дека се софистицирани и разновидни класици во кои може да се биде од утро до вечер./М.М.