По 13 години, 61-годишниот дизајнер заминува со ретроспективна колекција и видео кампања, откако го продаде брендот на Estée Lauder, во договор вреден 2,8 милијарди долари.
Tom Ford официјално се збогува со својот истоимен бренд, со есенска женска колекција, подготвена за носење. Колекцијата е поставена на неговата веб-страницата, заедно со последната кампања во која се отвораат неговите архиви во три видеа, снимени од Steven Klein.
Во сарторијалното испраќање се и неговите музи: Amber Valletta, Joan Smalls, Karlie Kloss, Karen Elson и Caroline Trentini. Носејќи ја колекцијата, во која се сместени репродукции на омилените архивски дела на американскиот креатор, погледот се враќа кон историјата на брендот на Ford.
Колекцијата на Ford за есен 2023 година го означува неговото последно излегување за неговата модна куќа, откако го продаде брендот на Estée Lauder, во договор вреден 2,8 милијарди долари, во ноември минатата година. Гласините за заминувањето на Ford се проширија по затворањето на продажбата – и по смрта на неговиот партнер, Richard Buckley, во 2021 година.
Помеѓу стариот холивудски сензибилитет на неговиот бренди неговиот мандат како креативен директор на Gucci, Tom Ford е и останува пионер и иноватор во светот на високата мода.
Доколку оваа последна кампања има своја порака, тоа е дека работата на Tom Ford има трајни вредности и дека многу од парчињата што тој ги дизајнираше, сега се дел од историјата на поп културата./М.М.