Chanel одбра Timothée Chalamet да биде новото лице на парфемот Bleu de Chanel.
Timothée Chalamet, е француско-канадски актер, има 27 години и на пошироката јавност и е познат по улогите во вториот дел на Dune и во Wonka.
Првите снимања за кампањата на Bleu de Chanel се веќе реализирани на улиците на Њујорк, а како режисер на уметничкиот проект се потпишува Martin Scorsese. Планирано е кампањата да биде реализирана есенва, а во мегувреме, во јуни, да бидат објавени фотографиите направени од Mario Sorrenti. Некои од нив се веќе претставени во јавноста.
Ова е прва рекламна кампања на Timothée Chalamet за кого од модната куќа посочуваат дека „со својот храбар стил и природен шарм, го отелотворува визионерскиот и авангарден дух на следното поглавје на Bleu de Chanel. Новата инкарнација на машкоста што ги крши постоечките кодови. Timothée Chalamet се осмелува, и тоа функционира. Затоа тој е совршена личност да ја отелотвори новата суштина на Chanel„./М.М.