Италијанската модна куќа Max Mara ја претстави својата нова кампања под наслов „Time, Tailored“, истакнувајќи ги повторно вредностите што ја дефинираат нејзината естетика – безвременска елеганција и совршената изработка.
Фотографирана од Oliver Hadlee Pearch, кампањата ја прикажува британската манекенка Edie Campbell во препознатливи парчиња на Max Mara – легендарните Icon Coats, јакната Olimpia и чантата Whitney. Со својот ненаметлив, а впечатлив дизајн, овие модели стануваат симбол на стил и карактер, и се како создадени за жените кои чекорат низ животот со самодоверба и префинетост.

Новиот Olimpia Coat, централниот модел во колекцијата, ја спојува класичната силуета со современото чувство за минимализам и функционалност, што го прави вистинска икона на модерната елеганција.
Со „Time, Tailored“, Max Mara создава визуелна медитација за времето – како највисока форма на луксуз во свет кој постојано забрзува. Кампањата претставува потсетник дека вистинскиот стил не се менува со сезоните, туку трае низ времето – со достоинство, хармонија и неповторлива убавина./M.M.


Слики: Max Mara информатор




















