Tiffany ја назначи поп кралицата ROSÉ од BLACKPINK’s за свој најнов глобален амбасадор.
Моделите на накит со поп-ѕвездата ќе бидат промовирани деновиве, со дигитална кампања Tiffany HardWear, за 2021 година, првин преку информативните канали на Tiffany.
Во средата, куќата за накит во сопственост на LVMH објави дека ROSÉ, членка на BLACKPINK групата, како и соло уметник, ќе дебитира во дигиталната кампања Tiffany HardWear.
Зборувајќи за кампањата, РОСÉ истакна дека е супер возбудена откако ја добила веста дека ќе настапи во кампањата за накит, инспирирана од Њујорк.
Инаку, HardWear линијата е промовирана за прв пат во 2017 година, а се базира на бразлетните од архивата на брендот што потекнуваат од 1971 година.
Колекцијата се одликува со елегантни форми, што оддаваат сила и самодоверба, поради што ROSÉ е совршена позната личност за нејзина промоција, се вели во соопштението на компанијата за накит.
Tiffany ја одбра токму неа за новата кампања, поради силната личност и модерниот стил на влијание — како некој којшто го отелотворува ставот и идентитетот на колекцијата./M.M.