Никогаш во животот не сум „облекувала„ толку многу луѓе: дигиталната мода им дозволува да ги изразат своите фантазии, вели Amber Jae Slooten, дизајнеркна и коосновач на дигиталната модна куќа The Fabricant, со седиште во Амстердам
На Лондонската недела на занаети, претставувајќи ја виртуелната колекција во рамките на панелот за „Текстилната интелигенција„ Slooten истакна: „Ние создаваме облека што постои само во дигитален простор – не во физичкиот свет. Виртуелната мода им овозможува на потрошувачите да избегнуваат отпад и загадување, поврзано со традиционалната мода. „Се обидуваме да создадеме нов моден наратив за 21. Век, затоа што навистина веруваме дека треба да се погледнеме во огледало и да видиме дали нашата суета навистина треба да и наштети на планетата на овој начин.
Создадени со софтвер за 3Д моделирање, нарачаните креации се дизајнирани така што можат да се движат како да се вистински. Аватарите на клиентите можат да ги „носат“ креациите на платформите на социјалните медиуми, опкружувањата за игри и на виртуелните простори.
Интересот за виртуелна мода нагло е зголемен за време на пандемијата, додека луѓето истражува нови начини на облекување. Имавме огромен интерес, рече Slooten, коосновач на The Fabricant, виртуелна модна куќа со седиште во Амстердам. Зголемениот интерес за виртуелни облеки според уметниците за визуелизација уследи по зголемената популарност на сликите што прикажуваат пејзажи од фантазија кои „нудат шанса да се талка, истражува и заминува“. /М.М.