Францускиот кутуриер Stéphane Rolland во својата пролетна колекција на високата мода претстави лесни, но драматични дизајни во стилот на апстрактниот експресионизам. На неговиот сајт е поставен филмот на кој е снимена целата модна ревија, одржана во рамките на париската модна недела.  https://www.stephanerolland.com/

По речиси две години, дизајнерот Stéphane Rolland  се врати на модната писта, истакнувајќи дека тоа е вистинското место за промоција на неговата нова модна колекција.

Презентацијата на колекцијата за пролет-лето 2022 година, се одржа во Palais de Chaillot, и беше отворена во ритамот на Арета Френклин и серија лелеави кафтани, направени од сатенски креп во црно и тонови на слонова коска.

Музата на Ролан, шпанската манекенка Nieves Alvarez, чекореше по модната писта во златно металик блејзер со качулка во комбинација со широки бели панталони. Брендот, познат по своите скулпторски комбинации, ги има рафинирано своите дизајни, иако силуетите и натаму се и смели и впечатливи.

„Имам впечаток дека со она што го поминавме, беше неопходно да се сврти страница – без да му го свртам грбот на она што претходно го правев“, истакна дизајнерот пред ревијата. Сакам да го истакнам телото на слободната жена на поинаков начин – да го проектирам посакуваниот изглед и да играм со транспарентноста на суптилен начин, наместо низ вулгарен стил. Се работи за сензуалност, а не за сексуалност, вели Rolland.

Меко кроени фустани, прозирни силуети со деликатни деколтеа и наметки со обвивка одзади или напред доминираа на модната писта, додека не продефилираа модели во необични боди обвивки и богати здолништа од шифон. Ревијата ја затвори Nieves Alvarez,  во црн кадифен и сатенски балски фустан, со огромен смарагден ѓердан.

Сето во духот на Stéphane Rolland, за кого се е и црно и бело и – се е во волуменот и контраста./M.M.

 

 

More in:Мода

You may also like

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

Comments are closed.