Модната куќа Stella McCartney објави дека Frayme Mylo, ќе биде првата чанта направена од Mylo кожа од печурки, што кон крајот на годинава ќе биде пуштена во продажба.
Прв пат преставена на ланската Paris Fashion Week, Frayme Mylo се базира на класичната чанта Falabella, дизајнирана од Stella McCartney. Mylo, материјалот од кој ќе се изработуваат чантите е заедничко дело со Bolt Threads, компанијата која користи печурки за изработка на материјали слични на кожа.
Frayme Mylo првин ќе биде произведна во ограничено издание од сто парчиња. Секоја чанта ќе биде нумерирана и заедно со алуминиумскиот ремен ќе може да се рециклира.
Stella McCartney претстави цела колекција инспирирана од печурките. Колекцијата пролет/лето 2022 е создадена во комбинација на светли и земјени тонови, со украси како набори и исечоци. Иако повеќето од алиштата се вегански, на некои е користена и свила, иако брендот најави дека планира во иднина да се префрли на Bolt Threads алтернативата од свила./М.М.